На Велика Сабота во македонското талент шоу ќе го видиме настапот на најмладите кои се борат за влез во четврт финале. Меѓу нив двајца кандидати инструменталисти и еден вокалист. Утре ќе ги слушнеме и видиме Илија Неделковски од Битола, Марко Стојкоски од Кичево и Матеа Цветкоска од Прилеп. Во жири комисијата за прв пат се нашите почитувани уметници, проф д-р Горанчо Ангелов – Гајда, Џељо Дестановски и Орде Неделковски од група “Круна”. Нивното познавање на музиката , акомулацијата на практикувањето на истата, годините поминати во музицирањето и со песната преточени во совет, беа драгоцено искуство за натпреварувачите. Како гостин од Штип го гледаме и студентот на музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев”, Александар Ангелов кој тргнал по стапките на својот татко. Неговата гајда, зурлата на Џељо ќе го донесат изворот на Македонија во најновата емисија од Македонското талент шоу. Песната на Орде ќе ги развесели сите ден пред најголемиот празник Велигден. Сето ова спакувано од страна на ИН Продукција го гледаме премиерно на ИН ТВ во 14.00 часот, а од 18.30 на националната ТВ Сонце.
Leave a Reply