Дамјан Кондоски, Марко Стојкоски и Стефанија Костадинова се најмалите учесници во македонското талент шоу. Деца вљубеници во македонската песна , во мајчиниот мелос и ритам , со својата интерпретација и изведба го освоија жирито во емисијата која е потрага по неоткриени таленти , единственото шоу во Македонија каде се пее исклучиво на македонски јазик. ИН продукција во оваа трета сезона остави простор и за учество на помали натпреварувачи, бидејќи нивниот талент е преголем и штета би било да не се видат и да не се работи со нив. Дамјан, Марко и Стефанија секој од нив си има своја приказна околу љубовта кон музиката и инстриментите во продолжение ви ги претставуваме овие чуда од деца.
Најмалиот е Дамјан Кондоски кој има 8 години и доаѓа од Битола. Третоодделенец кој паралелно посетува и музичко училиште прва година на кларинет. Музиката е во гените од генерации пред него, потекнува од познатото музичко семејство на неговата мајка Паскоски. Со неговото пеење и слободно движење на сцена Дамјан е роден за музика и настапи. Аплаузот при неговиот настап кажува се.
Марко Стојкоски доаѓа од Кичево, има 11 години, учи во основното училиште д-р. Владимир Полежиноски. Неговата најголема љубов е тапанот, истата ја покажал уште од својата три годишна возраст, а благодарение на неговиот ментор Ѓоле Божиноски. Во шоуто олемиот талент преку го претстави со изведба на ората Чупурлика и Пембе . Публиката бурно реагираше на негивиот настап.
Стефанија Костадинова 14 години од Свети Николе, глас кој плени и ветува многу. Ученичка во ОУ “Кирил и Методиј”. Музиката ја сака од детенце а нејзиниот талент и преубав глас го воочува наставникот Тони Цветковски кој денес е и нејзин ментор. Учествувала и на регионални натпревари по соло пеење. Мултиталентирана која освен музика, црта и пишува поезија. Ќе ве воодушеви со нејзиниот глас и интерпретација. Премиерно овие талентирани мали уметници ќе ги гледаме во сабота на 13 јануари на ИН ТВ.Не пропуштајте ја емисијата и наатапот на Дамјан, Марко и Стефанија.
Leave a Reply