МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО МАНЏИМАП

На 300 километри јужно од Пертво Австралија, постои Македонска заедница во градот Манџимап (Manjimup) повеќето од Егејскиот дел на Македонија.Македонската заедница не е голема, ама Македонците се обединети и единствени, заеднички се дружат, прослави одбележуваат и се грижат за одржување на обичаите и традициите од мајка Македонија.Македонската заедница во Манџимaп викендов ја одржа традиционалната Македонска вечер. Македонската вечер беше многу добро посетена, а дружењето помина во македонски ора и песни и македонска кујна подготвена од жените Македонки по рецептите од мама и баба. За тие кои сакаа да ја пробат среќата беше организирана томбол. Присутните ги поздрави претседателот на Македонската заедница Вик Грозитис (Vic Grozotis) во наредниот мандат и неговиот Комитет.Вик Грозитис се заблагодари на извештајот за работа и постигнатите резултати на претходниот состав на Комитетот на Македонската заедница и претходниот претседател Крис Јувкоф (Chris Yuvkoff), пред се надградбата на салата и збогатувањето на календарот на настани во годината која измина.Беше договорено, следната манифестација во организација на Македонската заедница да биде Македонската вечер насловена “Враќање на Манџимап“ која ќе се одржи на 2 март 2024 година и повикот присуството на Македонците да биде побројно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*