Спектакуларно одбележување на јубилејот на „Охрид фест“

🎶

Јубилеен, 30-ти по ред „Охрид фест“ заврши со импресивна Интернационална вечер, кога Дадо Топиќ ја испеа „Македонија“ песна „тешка“ 50 години и тоа со хорска придружба на гледачите на Долни Сарај.Навистина беше задоволство да се гледа „Охрид фест“ кој според понудената програма во Фолк и Интернационална вечер, според избор на пејачи, ама и песни, атмосверата, се она што го прави посебен и единствен, го оправда повеќедецениското траење.

🎶

Во Фолк вечер слушнавме 19 новосоздадени песни, кои се сигурен браник против турбо напливите од соседните земји. Големите пејачки имиња и квалитетни песни се вистински доказ дека творештвото во овој жанр на музиката доживува вистинска ренесанса.

🎯

Жирито гласаше за Душко Георгиевски и „Златна риба струшка“, на второ место се пласира Даце Николовски со „Ние љубов сме“ а на третата позиција е Мирко Вретоски со „Рибарска“.Публиката гласаше за Катерина Танева и група Сарај кои ја изведоа „Носиме на Долни Сарај “(прво место), Наум Петревски и Лилија Семкова со „Посилини од се“ се пласираа на второто место, додека Перо Христов со „Добри луѓе“ ја зазедоа третата позиција.Зуица Лазова инспиративно ја испеа „Галебе“, што резултираше со награда за интерпретација, Дамир Имери за песната – „Рибарска“ доби награда за најдобро аранжманско решение, најдобриот текст е ,,Лебедице бела“ на Ѓорѓи Калајџиев а најдобар дебитант е Марко Трпчевски.Најтрубадурска песна ,,Песна за Кузман Поп Стефанија“ ја изведеАнсанбл Билјана, награда Аце Ангелески му припадна на Ристе Наумовски, Јуле Николовска доби награда за сценски настап, додека награда од новинарите им припадна на Татјана Лазаревска и Новица Василевски кои ја изведоа песната „Љубов ни е име“.

🎶

Втората, Интернационална вечер, со гостување на Божидар Волф, Срѓан Марјановиќ и Бане Видаковиќ, Гоца Тржан и Принц, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ја доби наградата за безвременски хит за „Зора је“ и Дадо Топиќ кој со „Македонија“ направи вистинска еуфорија меѓу гледачите во Долни Сарај, едноставно речено, беше величенствена.Натпреварувачите пак, дадоа се од себе да блеснат на сцената на Долни Сарај, па позитивните коментари и неколку дена подоцна- не стивнуваат.

🎯

Првите 30 години на „Охрид фест“ се доволна заложба за да оваа музичка приказна продолжи да трае – уште толку.Се гледаме на „Охрид фест“ 2024!

🎯

НАГРАДЕНИ ВО ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ВЕЧЕР

🎼

Прва награда од жири: „Како денот да го претворам во ноќ“ – Давид Миладинов

🎼

Втора награда од жири: „Шепни ми“ – Мила Николовска – Ѓумар

🎼

Трета награда од жири: „Noćima“- Ален Хрбиниќ

🎯

Публика

🎼

Прва награда: „Заувјек моја“ – Анѓело

🎼

Втора награда: „Љубомра“- Емил Фетаховиќ

🎼

Трета награда: „Гласна тишина“ Бојана Арсовска

🎯

Награда за интерпретација- Трио Гушт Најтрубадурска песна: „Мајко, кажи ми“ – Марија Цветановска

🎼

Награда Аце Ангелески Сенатор: „Забораваш“- Блаж Маротов

🎼

Дебитант: Христијан Проданов

🎼

Најдобар аранжман: Анѓел Ќосев за песната „Злато“ – Слободанка Танева

🎼

Најдобар текст: Ристо Самарџиев за „Како денот да го претворам во ноќ“Новинарите за најдобра песна ја одбраа „Шепни ми“ што ја изведе Мила Николовска – Ѓумар

Сите реакции:12Vesna Angeloska и 11 други

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*