ИЛИНДЕНСКИ БАЛ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО АВСТРАЛИЈА

30 јули 2023 година, Мелбурн, Австралија – Светскиот Македонски Конгрес – Австралија на 29 јули 2023 година го одржа Четвртиот Годишен Илинденски Бал по повод 120 годишнината од Илинденското востание 1903 година за слобода на Македонскиот народ и државност на Македонија.На Илинденскиот Бал настапија две водечки македонски културно-уметнички друштва во Австралија, Играорната група при Австралиско-Македонското младинско здружение “Никола Карев“ и Македонското културно-уметничко друштво “Јане Сандански“, со изведба на повеќе македонски ора и песни.Прекрасен беше и настапат на Кајла К и Тиана Степановски. Легендарниот Волк Македонски го изведе својот рап сингл “Никогаш северна“!Специјални гости на Балот беа и Вера Паческоска Трајкоска и Анисија Димоски кои имаа специјално подготвен настап за вечерта.Водител на Балот беше Георге Трпковски, а традиционалната македонска музика беше на групата “КИТКА“.Членовите на Светскиот Македонски Конгрес во Австралија покажаа и докажаа дека се добри домаќини и организатори на традиционалниот годишен Илинденски бал. Неколку стотини Македонци уживаа во спомените за Илинденското востание и во богатата културно-уметничка програма.Светскиот Македонски Конгрес во Австралија ќе продолжи со одбележувањата на значајни датуми, настани и личности, ќе го афирмира македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор, ќе се бориме за правата и слободите на Македонците во целиот свет, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес во Австралија, Горан Котев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*