
Посетителите на овогодишниот фестивал на храната имаа можност да пробат вкусна македонска храна но и да уживаат во богатата културно уметничка програма.
По пауза од три години поради пандемијата со Ковид-19, годинава се одржа традиционалниот Македонски фестивал на храната во организација на Македонската организација на заедницата МАСО.
Во паркот во Јаравил посетителите имаа можност да уживаат во богатата културно уметничка програма, да вкусат традиционална македонска храна но и да видат стари традиционални носии и голем избор на македонска литература.
За дел од македонските традиционални јадења се погрижи и готвачот од Македонија, Борче Стојановски.
Готвачот Борче Стојановски подготви вкусни македонски традиционални јадења Source: SBSФестивалот на храната не можеше да помине без добро познатите кебапчиња.

Оние што го посетија фестивалот на храната имаа можност да проследат и богата културнаа уметнучка програма. За забавниот дел се погрижија повеќе вокални солисти од македонската заедница од Мелбурн. Меѓу нив беа Вера Трајковска, Лидија Јаневска, Васко Николовски, Иван Радевски и Боге Ристевски. Тука беа и неизбежните Татјана Лазаревска и Новица Велјановски а како специјална гостинка од македонија настапи и Сања Ристевска. Нив ги придружуваше инструменталниот состав Секо.

Организатор задоволен од уште еден успешен Македонски фестивал на храната со кој се претавија во Австралија и најавија дека оваа традиција со која се отсликува македонската традиционална кујна, култура, јазик и фолклор ќе продолжи и во иднина.
Наскоро манифестицијата ќе се емитува на сателитската ИНТВ.
Leave a Reply