Ќе бидат селектирани и песните ,Министерката за култура ги налути уметниците на кои им кажа како да творат

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, вели дека авторите треба да творат слободно, но „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“.

„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, вели министерката.

Во македонската јавност се појавија дилеми во врска со тоа што, според Протоколот, претставува говор на омраза и кој ќе го утврдува. Членот 16 од македонскиот Устав ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот.

„И впрочем, што е говор на омраза? Дали историската вистина е говор на омраза?, прашува во прилогот на Гласот на Америка на македонски јазик писателот Петар Андоновски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*