Во Битола се одржа 7. Фестивал на хармониките (фотогалерија)

Годинава во Битола се одржа седмото издание на Фестивалот харминиките, фестивал кој е посветен на виртуозите на хармониката, поделен е во две Фестивалски вечери.

На првата фестивалска вечер во салата на Офицерскиот дом во Битола настапија светски познатите Ана и Александар Коловски.

Ана Коловска е победник на 35 меѓународни натпревари а на последните 15 натпревари освои 15 гранд при награди, а Александар Коловски е двократен светски шампион, со победи во двете категории, класика и варајети музика.

На ова издание настапија со варајети програма за дуо, а концертот го завршија со една прекрасна изведба на Чардаш од Виторио Монти. Публиката повеќе пати ги наградуваше со аплаузи а крајот го завршија маестрално за што беа наградени со аплаузи и со овации.

На втората фестивалска вечер настапија македонските виртуози на хармониката кои изведуваат фолк музика, народна и новосоздадена во духот на народната, Милан Кацарски, Сашко Велков, Димитар Митровски, Мишел Трајковски, Дарко Дамевски и Кирил Стојчевски.

Втората вечер беше во знакот на јубилејот на маестро Кирил Стојчевски, посветена на неговото 30 годишно музичко творештво.

Да се напомене и фактот дека за прв пат заедно на сцена со Маестро Кирил Стојчевски настапија и неговите синови, близнаците Димитриј и Давид Стојчевски. Димитриј Стојчевски се претстави како голем талент како хармоникаш, а Давид Стојчевски беше во придружба на клавијатури.

Покрај Давид Стојчевски на клавијатура настапија и Тончи Цветановски гитара и Зоран Ристовски на кахон.

Преполнетата сала во Офицерскиот дом доволно зборува за прекрасната вечер со виртузите на хармоника.

Организаторите на Фестивалот на хармониките, уметничкиот Директор на Фестивалот Кирил Стојчевски и директорот на Фестивалот Сашко Савевски, рекоа дека ова е успешно издание на фестивалот особено со иглед на присутната публика на двете фестивалски вечери, и ветија дека и догодина ќе организираат уште едно вака успешно издание.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*