СДСМ: најсиромашните не се веќе сиромашни

СДСМ како одговорна партија континуирано, се грижи за сите граѓани, а особено за најсиромашните, ранливите категории на граѓани.

Анализите на Фајнанс тинк, покажуваат дека приходот на најсиромашните домаќинства во земјата за една деценија пораснал за 138 отсто.

Зголемувањето на годишниот приход на најсиромашните домаќинства од 60.000 денари во 2010 година на 160.000 денари во 2020 година се должи на мерките и политиките што ги спроведува Владата предводена од СДСМ.

Минималната плата од под 9.000 денари двојно ја зголемивме на 18.000 денари, просечната плата го надмина предизборното ветување на СДСМ и се искачи на над 30.000 денари.

Во изминатите години се покачија платите на наставниците, вработените во здравството, социјалната заштита, во градинките, полицијата, културата, во високото образование.

Истовремено континуирано на историски ниски стапки се намалува невработеноста. Во првиот квартал од оваа година се намали на 14,8 отсто.

Оперативниот план за активни мерки за вработување за кој се предвидени околу 30 милиони евра, само оваа година ќе опфати околу 15.000 невработени лица.

Растат и ќе продолжат да растст пензиите, кои според новата методологија, никогаш повеќе нема да зависат од нечија политичка волја и ќе се усогласуваат со растот на минималната плата и со зголемувањето на трошоците за живот.

Владата предводена од СДСМ и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, секој расположлив денар го насочува кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*