Хрватскиот независен пратеник во Европскиот парламент, Мислав Колакушиќ, на парламентарна седница во Европскиот парламент, која се одржа пред некој ден, изјави дека ЕУ треба да воведат санкции и кон САД, како земја која е вклучена во најмногу воени конфликти во светот, и кон Саудиска Арабија, која со години го поттикнува конфликтот во Јемен.
Евро-парламентарецот Колакушиќ, смета дека од санкциите и раскинувањето на економските врски со Москва, единствено страдаат Европејците. Тој, санкциите кон Русија ги окарактеризира како „неверојатна лага“ и „лицемерие“.
Leave a Reply