
Лидерот на Левица Димитар Апасиев бара поддршка од тројца пратеници за да поднесат барање за интерпелација против собранискиот спикер Талат Џафери откако тој синоќа ги заклучи пратениците во пленарната сала.
-Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација. Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот, објави Апасиев на неговата фејсбук страница.
Leave a Reply