Русија бара седница на Советот за безбедност на тема американски лаборатории во Украина

Русија денеска побара јавна седница на Советот за безбедност на ОН на тема воено-биолошка програма на која работеле американски лаборатории во Украина, пренесува агенцијата ТАСС.

„Побаравме јавна седница на Советот за безбедност на ОН за да презентираме нови докази за американските воено-биолошки програми спроведени во лаборатории во Украина“, изјави првиот заменик-амбасадор на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

Тој на својот канал на „Телеграм“ посочи и дека седницата е закажана за утре во 17 часот по московско време, соопшти руската агенција, а пренесува „Танјуг“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*