Не успеа да ја победи најважната битка: Денес одлета уште еден ангел кај ангелите – почивај во мир Андријана

Пред 3 дена на социјалните мрежи се појави болен апел о поп пејачката и водителка Јулија Мациевска, која побара луѓето да се помолат за нејзината ќерка Андријана во битката со канцер.

-Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј, Оче спаси нас – објави таа пред неколку часа.

Иако Андријана, која имаше само 41 година максимално се трудела и борела да ја добие најважната битка, таа не успеа.

Утринава на социјалните мрежи нејзини пријатели се простуваат од неа.

Денес одлета уште еден ангел кај ангелите. На голем ден заминуваат само големи луѓе. Св.Василие нека те чува. Почивај во мир мое љубовче, наша Андријанче и шарај го небото со боите на љубовта. Засекогаш ќе имаш место во моето. Некогаш и некаде таму горе, знам дека ќе се пронајдеме…

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*