Македонските сопружници Митре и Катерина отворија пекарница во Сингапур – името кои и го дадоа привлекува уште повеќе муштерии

Македонските сопружници Митре Крајоски (53) и Катерина Крајоски (39) во далечниот Сингапур отворија Пекарница која служи Eвропски пецива што за оваа држава е несекојдневно.

На истата и го дале името „Југословенска пекара“, по земја што повеќе не постои. Истата ја отвориле со цел да ја пренесат традиционалната храна од својата татковина на локалното население.

Парот кој има две деца – својата приказна ја почнал со отварање на кафуле во трговскиот центар Катонг минатиот јули, по што го прошириле својот бизнис на втора локација во трговскиот центар Ситилинк во април оваа година.

„Ова не е вообичаена комерцијална пекара. Ги следиме домашните рецепти за кои е потребно подолго време да се направат, но се се подобри“, вели Митре за 8дејс.сг и додава: „Постојат слатки кои обично се прават кога има прослава“.

Во нивната пекарница имаат традиционални специјалитети од цела поранешна Југославија како на пример бурек- пециво со потекло од Отоманската имп ерија. Има и бајадера, хрватска пралина од темно чоколадо, обложена со лешници.

Иако парот потекнува од Македонија, Митре вели дека го додал „Југославија“ на името на неговата пекара бидејќи неговите колачи се од „цела Југославија -Србија, Босна и Хрватска“.

Поради тоа што во минатото Србија и Македонија биле под Отоманската им перија – сега денешна Турција – вообичаено е да се најдат и турски јадења во југословенската кујна. Во нивните пекари, Митре и Катерина служат и домашна баклава.

Митре работи како комерцијален пилот на авионот Боинг 777 на Сингапур ерлајнс. Тој се преселил во Сингапур пред 17 години за да заврши пилотска обука. Неговата сопруга Катерина е дипломиран економист на Универзитетот во Македонија.

„Катерина ми рече дека не сака да работи во канцеларија. Нејзината стр аст беше пекарството, па решивме да отвориме пекара“, вели Митре, кој и помага на својата сопруга во нивното кафуле секогаш кога не лета.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*