Чистиме риби на Алјаска за 220 евра дневница: Рацете ни се смрзнати, мозокот не може да издржи 16 часа работа но брзи пари само така може да се заработат!

Поради искуството што го стекна за време на трите престојувања во фабриките за риби, Јелена вели дека луѓето често ја прашуваат како се условите за работа и како изгледа животот на Алјаска…

Јелена Карамарковиќ од Србија ја раскажа својата лична приказна за тоа како заминала на работа во Алјаска. Без никакви бариери, отворено зборува за тоа што луѓето очекуваат дека ќе добијат кога заминуваат на работа и што навистина добиваат.

Таа објаснува дека температурата во фабриките не надминува четири степени, а главно е пониска, па затоа е „ужасно студено“, особено за луѓето кои имаат обврска да стојат во место и да ја извршуваат истата работа во текот на денот. Таа вели дека по првото заминување, сфатила дека и треба физичка подготовка, па почнала редовно да оди во теретана за да ги зајакне мускулите и да го подготви телото за напорот што ја чека.

Повеќето работници едвај чекаат празници, но во последниве години, многумина го користат тоа слободно време во текот на летото за да заработат дополнителни пари. Ова е главно случај со сите оние кои одат на привремена работа во Алјаска. Луѓето кои веќе имаат постојана работа и семејство во Србија имаат предност кога станува збор за вработување, бидејќи тоа е гаранција за работодавачот дека ќе се вратат во земјата по крајот на сезоната, пишува Еуроњус.

Јелена Карамарковиќ од Рашка инаку е воспитувачка, која дури трипати била во фабрики за риби, користејќи делумно годишен одмор, делумно неплатен одмор од работа. Таа вели дека патувањето во Америка го гледала како единствен излез од финансиската криза, и успеала да собере дел од парите за купување стан во Крагуевац од заработката во текот на три сезони.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*