БУГАРИЈА ВО ШОК: НЕ БИЛ ТИТО, ТУКУ ТОДОР, ЗАТОА ГО УБИЛЕ!

Целокупната бугарска болшевичка пропаганда за непостоење на Македонците се потпира на тезата дека “југословенскиот“ диктатор Јосип Броз Тито насила ги создал Македонците бришејќи го нивниот бугарски карактер… Тоа е стратегија на Вила Бојана и болшевичкиот диктатор на Бугарија Тодор Живков, која се провлекува до денес, преку разни измеќари во Бугарија и во Македонија. Но, вистината секогаш излегува на бело видело. Што се појави на сцена, заради што Бугарите се во шок?Од длабочините на архивите на бугарското Собрание протекоа доверливи документи, кои во целост ја негираат бугарската болшевичка пропаганда и било каква улога на Тито во било какви процеси на “создавање“ на Македонците! Напротив, Македонците биле дел од бугарското Собрание со свои пратеници и пратеничка група кои дејствувале под раководство на ВМРО и Тодор Александров. Тоа значи, дека ударот против бугарската политика за негираање на Македонците и Македонија ја задал Тодор Александров, а не Јосип Броз Тито, и тоа во срцето на Бугарија, во Парламентот во Софија!Македонската пратеничка група под водство на ВМРО и Тодор Александров до бугарското Собрание во 1923 година доставиле Декларација за Македонија и Македонскиот народ, нивната визија за создавање на независна Македонија на Македоцните и опцијата за формирање на Балканска Федерација на рамноправни народи и држави, која ќе излегува на трите балкански мориња и ќе живее во спокој, мир и добробит.Најважно, македонската пратеничка група бара обединување на Македонија по нејзиното распарчување во 1913 година во Букурешт, а како целокупна независна држава, еден ден, да биде дел од големата Балканска Федерација, што е идеја за спојување на Југославија, Грција, Албанија, Бугарија и срцето на федерацијата, Македонија!Таа била донесена од Дваесеттото Народно собрание на Бугарија, кое поради огромното влијание на Македонците во него, по интервенцијата на Бугарскиот Цар и тајните служи било брзо распуштено, а на Македонците им’ било забрането да имаат своја пратеничка група во парламентот. На тоа жестоко реагирал Тодор Александров и ВМРО, објавувајќи војна помеѓу Македонската организација и емиграција во Бугарија, со бугарскиот двор и тајните служби.Тоа не го поколебало ВМРО и војводата Тодор Александров да продолжат да дејствуваат во насока на прогласуавње на независна Македонија! Тоа и се случило, за жал, после 20 години од неговото убиство, наредено и извршено од бугарскиот Цар и влада. Имено, поради огромниот притисок на царистите, Тодор Александров започнал разговори, за прогласување на независна Македонска држава во Скопје, Горна Џумаја и Солун и обединување на целокупната територија на Македонија под една управа, за што бил потпишан и документ истата таа 1923 година. Тоа е цела година пред Мајскиот манифест и поофицијалното прогласување на ВМРО за организација на етничките Македонци кое се бори за независна Македонија, без било каква улога на Бугарија и другите балкански држави.После таа активност, следува убиството на Тодор Александров – Стариот. Го наследува Иван Михајлов, кој во судир со бугарската влада и Цар во целост е протеран од Бугарија, осуден на 15 смртни казни, а ВМРО е забрането на територијата на Бугарија во 1934 година. Но, сонот на војводата Тодор Александров се оставрува во неговиот Скопски револуционерен округ, каде дејците на ВМРО никогаш не се откажале од желбата на војводата, за на 8 септември 1944 година, дваесет години по неговата смрт, да прогласат независна држава Македонија!(превземено од МКДенес)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*