Камчев излегува од притвор, Апелација му ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра

Бизнисменот Орце Камчев вечерва или најдоцна до утре ќе излезе на слобода, бидејќи апелација му го укина притворот, потврдуваат од судот

-На притворениот му е уважена жалбата, решението е преиначено, односно прифатена е гаранцијата и укината е мерката притвор, соопштија од Апелација.

Камчев како гаранција понудил скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев. Сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што тој ќе се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“.

Тој новогодишната ноќ ја дочека во болницата “Систина” и се уште се наоѓа таму, па на слобода ќе излезе од болницата.

Два дена пред нова година на слобода излезе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така беше во притвор за случајот плацеви на Водно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*