Македонија на црната листа на Белорусија: Лукашенко воведе caнкции против нeприjaтелските земји

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската Влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Mакедонија и Швајцарија, пренесе агенцијата ТАСС.

„Имајќи ги предвид континуираните обиди на колективниот Запад за незаконски санкционен притисок врз нашата земја, Белорусија презеде соодветни мерки. Според одлуката донесена од Владата, ембаргото за храна ќе биде воведено од 1 јануари 2022 година во однос на широка листа на стоки произведени во земји кои спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејствија против нашата земја“, се наведува во соопштението.

Белорусија од овие земји увезла храна во износ од над 530 милиони долари во рок од десет месеци годинава, соопшти белорускиот Совет на министри.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*