Крадци ограбиле жена на гробиштата на црква „Свети Спас“

Грабежот се случил во вторникот, на 26 октомври, годинава, кога ограбената жена за момент излегла од гробната парцела за да наполни вода на чешмата што се наоѓа веднаш до гробниците, надвор од оградениот двор на црква „Свети Спас“.

Крадецот го искористил токму тоа време да и ја одземе личната чанта во која освен новчаникот со пари се наоѓале и мобилен телефон како и голем број на документи на велешанката Н.Ј.

Жената веднаш по грабежот пријавила во Полициска станица Велес.

Од СВР Велес соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*