Наместо да лекуваат, доктори и медицински сестри на гласачки кутии

Доктори од болниците но и ковид центрите низ земјава добиле решенија за да бидат членови на избирачки одбори. Ова е нелогично велат од синдикатот на клинички центар особено шти се саоѓаме во време на пандемија. Институциите пак велат законот е ист за сите, па целата администрација вклучително и медицинските работници мора да учествуваат во изборите.

Наместо на дежурство, дел од дорторите, медицинските сестри и другиот персонал од болниците ке седат на избирачки кутии. И тие се дел од администрацијата од која се бираат членовите на избирачки одбори. Телма дознава дека дури и доктори од ковид центрите но и други клиники на клиничкиот центар добиле решенија. Дел од нив дури и кога одбиле поради оправдани причини, од страна на одборите било интервенирано во болниците за да се појават на избирачки кутии. За синдикатот на кличники центар во Скопје е неразбирливо како може во време на пандемија, кога на здравствените работници дури им беше забрането да користат годишни одмори и кога поради недостиг се распределуваат во ковид центри, сега да се трошат цел ден на избори.

Според изборниот законик членовите на избирачките одбори се бираат од вработените на јавната администрација кои ја ја сочинуваат вработени во образование, здравство, култура, наука и социјална заштита, а кои според закон вршат задачи од јавен интерес. Но и покрај тоа што во собранието седат еден куп доктори, никој до сега не предложил здравствените работници да бидат изземени.

Ниту од министерството за здравство за сега не побарале да се интервенира во законот.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ ГИ КРЕИРА ДИК ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР ОД ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ ОД ДРЖАВНА И ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА КОЈА ДО ДИК ЈА ДОСТАВУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ТОЈ ПРОЦЕС. УЧЕСТВОТО НА ДРЖАВНАТА И ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ Е ОБВРСКА,  РЕГУЛИРАНО ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНОК ВО ЧЛЕН 18 И НЕМА ИЗМЕНИ ВО ТОЈ ДЕЛ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОВОЈ ИЗБОРЕН ЦИКЛУС.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*