Мицкоски тврди дека „тигрите“ се распоредуваат во Охрид, Кочани и Битола: Не ги слушајте командантот и министерот

„Тие кои треба да го спроведуваат законот тие се длабоко инволвирани во овој скандал, се увртачиле со криминогените структури со цел да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и да го загрозат животот и безбедноста на граѓаните во Прилеп. Тоа создава контра ефект и реакција, а казната во Прилеп за овие политичари и овие злосторници кои се здружиле во таква организација дојде во првиот круг на локанлните избори, каде Борче победи во првиот круг. Јас сум убеден дека ова нема да им помогне, туку ќе ги усложни процесот за нив. Јас ги замолувам оние кои останаа со хибридниот режим да размислат како се однесуваат, бидејќи никој не успеал да се спротивстават на народот, па така ни тие не ќе можат“, рече Мицкоски.

„Последните информации се дека антитерористичката единица, односно „Тигар“ веќе се распоредува по наредба на командантот во три градови низ Македонија, односно во Битола, Охрид и Кочани. Ја користам оваа прилика да апелирам до чесните препадници да не ги слушаат препораките на нивниот командантот и министерот за внатрешни работи. За неколку дена од денеска Македонија ќе биде ослободена“, додаде Мицкоски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*