
На ниво на државата, за година и половина, биле казнети над 3.700 фирми кои за прекршоците требало да платат над 21 милион евра, покажуваат извештаите за работата на Државниот пазарен инспекторат за лани и за шест месеци од годинава.
За истиот период, пазарните инспектори ставиле пломба на 259 објекти. Лани биле затворени вкупно 238 компании, а од јануари до јуни годинава 121 фирма. Минатата година биле поднесени 171 кривична пријава, а за шесте месеци од годинава само 2.
Податоците од Извештајот покажуваат дека годинава најмногу не се почитувале правилата во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Битола, Гостивар. Битола е рекордер по бројот на прекршоци. Биле издадени вкупно 373 прекршочни платни налози вредни 1,67 милиони евра, а наплатени се само 54 налози во вредност од 12.314 евра.
Leave a Reply