ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега во вториот круг за важечки ќе се сметаат и ливчињата на кои нема да има печат од Изборниот одбор. Ова е спротивно на одредбите на Изборниот законик.

Со денешните измени, важечкото гласачко ливче ќе се брои и без печат ако ги исполнува сите останати услови според Изборниот законик, односно ако се заокружи редниот број пред носителот на листата или пред кандидатот и каде може да се потврди изборот на избирачот. За неважечко ливче ќе се смета кога неправилно заокружено или се заокружени повеќе опции.- Advertisements –

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

-Како член на ДИК не се согласувам и изразувам големи сомнежи за изборни нерегуларности бидејќи упатството се менува по првиот изборен круг. Упатството не е во согласност со Изборниот законик, затоа барам оваа одлука веднаш да се повлече, во спротивно ќе се обратам до Управниот суд“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*