Македонци, ајде да му помогнеме на овој човек – живее во мизерија, а се бореше за нашата земја!

Во животот видел многу тешкотии, уште како мал морал да се соочи со најтешката борба, онаа за егзистенција на семејството…

Четириесет и пет годишниот Слободан Ангеловски од Кочани е ерген кој сонува за удобен живот, за жена и како што вели се што посакува е да има деца и да се оствари во улога на татко и сопруг.

Во животот видел многу тешкотии, уште како мал морал да се соочи со најтешката борба, онаа за егзистенција на семејството.

Вели дека тешката судбина ја наследил од неговиот татко, кој бил најстариот во семејството и бил принуден да се грижи за останатите 5 деца.

Кога имал 13 години започнал да работи во конфекција за да го исплати стажот на неговиот татко. За Гламур.мк вели дека татко му Станко имал работа, но фирмата во која што работел од 96-та година е под стечај.

Тогаш Слободан го земал на себе товарот, и успеал да го исплати стажот од 11 години кој бил потребен за татко му да замине во пензија.

Денес живее сам, во своја куќа но како што вели спие на под. Со донации од граѓаните успеа да ги стави темелите на сопствениот дом за кој сонувал од дете, но за жал се уште се потребни многу пари за Слободан да живее достоен живот.

Моментално е вработен во перална, но со скратено работно време. Вели дека до сега не успеал да најде работа каде ќе го плаќаат без да се поигруваат со неговата судбина. Посочува дека иако му била ветена инвалидска пензија не ја добил, и единствена егзистенција е инвалидската пензија на неговиот татко и социјалната помош на брат му Гоце кој исто така е ерген.

Му била ветена инвалидска пензија, како бранител во 2001 година, но не добил никаква помош!

Слободан вели дека во 1996 година заминал во војска. Потоа во 2001 година додека седел со своите пријатели во мотел во неговото родно село, кога бил повторно повикан да ја брани својата татковина.

Сведочи на многу немили настани. Истакна дека неколку пати му бил загпозен животот но најмногу од се како што вели го боли тоа што биле наместени на подмѕкол начин. Лично тој успеал да фати девојка која била шпион и работела за УЧК. Слободан вели дека глетката кога за-гинале неговите пријатели кај Вејце, каде што биле предадени, како што вели, не може да ја заборави а особено не може да поверува дека толку човечки животи биле одземени за пусти пари.

Се сеќава на денот кога неговиот живот бил во опacност.

Вели на Летна Света Петка, во месец август бил по-вреден во Ваксинце. Животот му бил загpoзен но имал среќа и останал жив. Цели 24 часа се криел во дyпка, а на неговото семејство му соопштле дека бил уби-ен. Вели го видел сопствениот кoвчeг во касapната, а на него знаме и негова слика, но тој херојски пребродел се и се уште се бори да си обезбеди достоен живот.

Слободан се води како лице со инвалидитет. Тој посочува дека има последици од војната: траума, но и видливи последици на ногата од повредата која ја добил.

До сега има направено пет операции од кила, но и покрај се тој е хуманитарец и помага на другите онолку колку што може.

Слободан е крводарител. До сега 45 пати дарувал кpв за да помогне на оне на кои им е потребно.

Слободан верува дека заслужува помош од државата. Вели требаше да му бiде обезбедено станбеното прашање, да добие вработување во војската и плата достојна за живот, но бидејќи не добил ништо од тоа бара барем инвалидска пензија која му следува како воен инвалид.

Бара помош за да ја доправи својата куќа!

Слободан успеа да започне со изградба на свој сопствен дом благодарение на донациите од добрите луѓе кои му помогнале. За жал се уште фалат многу работи, за да може да живее онака како што заслужува секој човек.

Во куќата нема струја ниту вода. Слободан вели идат студени денови а нема врати ни прозорци. Спие на под, а се бања во корито. Вецето се уште не му е направено а нема ниту кујна каде би можело да се готви.

До сега добил доста помош како ламинат, плочки, вц- шоља, спална, шпоред, храна, средства за хигена…

Куќата во која живеат неговата мајка Станка, таткото Станко и братот Гоце е речиси срушена, и нема услови за живот. Слободан верува дека ќе допре до срцата на граѓаните и ќе успее да ги собере предвидените парични средства за да ја доправи куќата за која отсекогаш сонувал.

Телефонски број: Слободан 078-548-031

Најголема желба му е да се ожени и да створи семејство!

Бдејќи има 45 години и се уште е ерген Слободан вели дека најмногу од се сака да земе добра жена со која ќе го помине животот и која ќе му биде поддршка во се.

Верува дека со љубовта е најважна за градење на добар живот.

Посакува да се оствари како татко, да има свои дечиња и добра жена која ќе се грижи за него.

Слободан вели сиромаштјата си го направила своето.

-Ниту една жена не сака да дојде во ваква куќа и кај сиромав маж, вели тој но посочува дека не губи надеж.

-Ќе барам жена од Албанија ако Mакедонките не ме сакаат, додава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*