Антикорупциска ќе истражува како Лиле Стефанова купила стан од 75.000 евра во луксузната зграда на Ванчо Чифлиганец

Државната комисија за спречување на корупција отворила постапка по допрен глас против јавната обвинителка Лиле Стефанова која во периодот помеѓу 2015 и 2016 година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата „Адора Инжењеринг“ во сопственост на Ванчо Чифлиганец.

Се работи за имот вреден 70.000 евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година.

Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на јавната обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова е склучен Договор за купопродажба на недвижност помеѓу компанијата „Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје“ како продавач и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*