Мицкоски: Што треба да се случи за Филипче и Заев да поднесат оставки?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша 10 прашања за кои јавноста никогаш не добила одговори од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

– Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

– Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

– Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

– Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

– Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

– Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

– Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

– Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

– Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината“, напиша Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*