Мавровчани ја исчистија потопената црква „Св. Никола“

Црквата „Св. Никола“ во Маврово е вистинска туристичка атракција, изградена во 1850 година.

Но, со изградбата на Мавровското езеро, се потопиле многу делови од старите села кои се наоѓале таму, вклучувајќи ја и старата црква.

„Св. Никола“ долго време беше под вода, но поради повлекување на езерото и сушите, таа сега е на суво и со помош на Мавровчани, полека го враќа својот сјај.

Црквата долго време беше запуштена, но според фотографиите кои се појавија на Твитер очигледно е дека таа изгледа многу подобро од претходно.

„Се фатија група Мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*