(Видео) Поради кapaнтин, маж во Сиднеј пpeтeпaл полицajкa

Маж од Австралија е обвинет за напад на полиција во западен Сиднеј.

Напаѓачот првин нападнал полицајка, а потоа избегал од местото на настанот и следел случаен минувач, пренесуваат медиумите во таа земја.

49-годишниот маж беше уапсен и обвинет за неколку прекршоци вклучувајќи и кршење антиковид-мерки и напад на полицијата, соопштија службите.

Полицијата соопшти дека две полицајки, кои патролирале на улица, му рекле да се тргне од улицата бидејќи во сила е забраната за движење поради коронавирусот.

Тогаш човекот станал агресивен и ги нападнал. Двете полицајки морало да одат во болница на лекување.
Мажот потоа го нападнал и нивниот колега, кој исто како и неговите колешки подоцна завршил во болница.

Во Сиднеј во сила се засилени мерки против коронавирусот, кои не дозволуваат излегување од дома, освен од оправдани причини – како одење на работа, училиште, лекар или продавница.

Градот е во строг карантин веќе 12 недели додека трпението на граѓаните опасно ослабе, анализираат медиумите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*