Факултетите во Авганистан повторно почнаа да работат, студентите и студентките се разделени со завеси

Во Авганистан студентите повторно се вратија на факултетите, прв пат откако талибанците ја презедоа власта. Факултетите функционираат по законот на талибанците, а на некои од нив машките и женските студенти се разделени со завеси, објави Ројтерс.

Кога талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година, на девојчињата им беше забрането да одат на училиште, а на жените да учат и да работат.

Сега, откако тие ја освоија целата земја по повлекувањето на западните сили, меѓународната заедница бара од талибанците да ги почитуваат правата на жените.

Иако талибанците тврдат дека ги почитуваат правата на жените откако ја презеле власта, нагласувајќи дека мора да го почитуваат шеријатскиот закон, останува нејасно како тоа ќе изгледа во пракса.

Професорите и студентите на универзитетите во трите најголеми авганистански градови – Кабул, Кандахар и Херат – за Ројтерс велат дека Талибанците ги сегрегираат студентките, им предаваат одделно или им забрануваат пристап до делови од факултетот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*