ИЗРАЕЛ СОЗДАДЕ „МАГИЧЕН ЛЕК“ ЗА КОВИД-19: Лекот EXO-CD24 треба да ја спречи смртоносната цитокинска бура

Србија ја разгледува можноста за набавка на иновативниот лек EXO-CD24 откако по завршување на последната фаза на тестирање и неговата регистрација. Лекот се покажал како исклучително ефикасен во лекувањето на пациенти со ковид – 19 со тешка клиничка слика, а негова „задача“ е да ја спречи смртоносната цитокинска бура. Ова неофицијално за српските медиуми го изјавил извор од српскиот Кризен штаб.

Лекот EXO-CD24 е развиен од тим на познатата и водечка израелска болница „Суратски медицински центар“ од Тел Авив, на чело со професорот Надир Арбер, и се дава со инхалирање. EXO-CD24 е претставен како „чудотворен лек“и „волшебен куршум“ во борбата против ковид -19 .

Професорот Бранислав Тодоровиќ за српските медиуми појаснува дека EXO-CD24 е иновативен лек против цитокинска бура кај пациенти со ковид-19.

– Тој само успешно ја помина првата и втората фаза од клиничките испитувања, така што знаеме дека тој е ефикасен и безбеден кај мала група испитаници. Третата фаза ќе биде завршена во Израел до крајот на 2021 година. Засега, неговата ефикасност е околу 90 отсто, односно многу пациенти со тешка форма на ковид може да бидат отпуштени од болницата за пет дена по добивањето на ЕКСО-ЦД24. Досега, лекот е даван на хоспитализирани пациенти на возраст од 18 до 80 години со позитивен PCR тест и тешка форма на болеста кои сѐ уште не се на механичка вентилација – вели Тодоровиќ.

Тој додава дека лекот треба да се вдишува еднаш дневно пет дена. Тој се состои од протеин ЦД24, кој се вметнува во егзозоми.

– ЦД24 протеинот го спречува развојот на цитокинска бура, која се јавува кај пет до осум отсто од пациентите со ковид. Се вдишува директно и веднаш стигнува до местото на дејство. Егзозомите се екстремно мали везикули кои се одделуваат со „пукање“од клеточната мембрана и служат за пренос на сигнали помеѓу клетките, тоа е како две клетки да разговараат преку мобилна мрежа. Сигналите се протеини и масти кои се наоѓаат во егзозомите, па оттука и нивната содржина. Тие можат да бидат корисни во дијагнозата на некои болести, на пр. кај малигнитет, срцева или бубрежна инсуфициенција, а се користат и во терапија – вели проф. Тодоровиќ.

Професорот појаснув и дека тимот истражувачи во „Суратски медицински центар“, водечката израелска болница каде што се тестираат нови лекови, внел протеини ЦД24 во егзозомите.

– Така тие го произведоа овој нов лек за да биде селективен – работи таму каде што треба и е специфичен – работи како што треба – вели проф. Тодоровиќ додава дека Израел и Грција соработуваат во развојот на новиот лек.

Професорот Надир Арбер кој работи работи на развивање на лекот неодамна објасни дека кај околу пет проценти од пациентите со ковид, состојбата почнува да им се влошува по пет до 12 дена, и дека главната причина е прекумерното активирање на имунолошкиот систем – бура од цитокини, и дека тогаш системот почнува да напаѓа здрави клетки во белите дробови.

– Токму тоа е проблемот на кој е насочен нашиот лек. Доколку се потврдат досегашните резултати од студијата, третманот со EXO -CD24 ќе биде возможен релативно брзо и по ниски цени – изјави профпрофесорот за „ Ерусалим Пост“.

Арбер го проучува протеинот CD24 веќе 25 години и вели дека доколку истражувањето се покаже успешно ќе може да се лекуваат и други болести.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*