Димитриеска Кочоска: Heвpaбoтeноcта во Македонија нajниcка зapaди иceлyвaње и дeмoтивиpaње на нeвpaбoтeнитe дa бapaaт paбoта

Невработеноста во Македонија најниска заради иселување и демотивирање на невработените да бараат работа. СДСМ се фали дека “добрите” економски политики на оваа Влада довеле до најниска стапка на невработеност од 15,9% во вториот квратал на 2021 година. Но, дали е тоа вистината? Или, како и за растот на просечната плата по работник станува збор за чиста манипулација и прашање на пресметка? За познавачите веднаш ќе кажат ДА, истакнува Гордана Димитриеска Кочоска.

Од почетокот на кризата во март 2020 година до јуни 2021 година, бројот на невработените бележи поинтензивно намалување од 4,1% од намалувањето на активното население за 2,3%, што ја прави пресметката на стапката на невработеност да биде пониска (од 16,2% на 15,9%). Ова е пресметка само, но што е суштината? Од почетокот на кризата бројот на вработените е намален за околу 16 илјади, но и бројот на невработени е намален за околу 6,5 илјади. Со други зборови оние кои останале без работа и оние кои биле невработени се демотивирани да најдат работа и веќе не се активни (во активно население) туку се јавуваат во растот на неактивното население (оние кои не бараат работа). Уште повеќе загрижува фактот што дел од оние кои останале без работа (или биле претходно невработени) ја напуштаат земјата со што и вкупното работоспособно население се намалува за 3,4 илјади лица, анализира таа.

Прашува: „Значи, не знам дали ова се поистоветува со успешни економски политики“?

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*