Приведена 29 годишна австралијанка на аеродромот во Скопје, останала во Македонија повеќе од дозволеното

На 20.06.2021 во 02.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“-Скопје од полициски службеници е приведена Н.Д.(29) од Австралија, бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Северна Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка, соопштија од МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*