Најпаметната одлука на владата за 2021 година,Официјално укинат полицискиот час – од полноќ шетајте и после 00:00 часот

Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните. Почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави.

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Covid19 и зголемување на бројот на вакцинирани.

Влада: Во 75 општини ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти

Владата на Република Северна Македонија на денешната 78 тематска седница, ги разгледа и усвои информациите во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра. Ова се само дел од средствата и проектите обезбедени со одлука на Влада за прераспределба на парите од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ општините во целата држава и ќе се прошират капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид. Предвидено е севкупно, 75 општини да реализираат 99 инфраструктурни проекти, за што се издвоени 35 милиони евра. Станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.
Опсервер: Влада: Во 75 општини ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*