Излегоа на улица организаторите на настани кои револтирани бараат помош

Неодговорноста на власта ги извади на улица организаторите на настани кои во знак на револт дојдоа на протест пред Владата. Работниците од секторот уште еднаш побараа финансиска поддршка зашто се целосно затворени повеќе од една година. Загубите во секторот, велат, биле над 60% и се меѓу најпогодените од пандемијата.

Ивент индустријата е најзагрозена од пандемијата. Според централниот регистар нашиот промет е паднат за 62%. Во целата оваа 2020 година, па и во 2021 година ние освен шесте месеци помош за плата немаме добиено никаква друга поддршка од Владата. Не сакаат да нè слушнат. Тие предвиделе некаков конкурс на кој што ќе можеме да аплицираме за организирање државни настани. 30-годишнината од независноста на Македонија секако ќе се организираше, ниту можеме тоа да го наречеме помош, ниту ќе им помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може од еден настан компанијата со парите што ќе добие да ги покрие загубите, изјави Маја Бабиќ од ИВАП.

Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Бабиќ додаде дека според податоците од Централниот регистар, ниту една компанија од овој бизнис досега не е затворена и ниту еден вработен не е отпуштен.

  • Ние 14 месеци не работиме. Бараме грантови, има за сите, но нема за нас. Според Централниот регистар, ниедна компанија не е затворена и ниту еден вработен не е отпуштен, вели Бабиќ, додавајќи дека околу 10.000 лица се вработени и директно поврзани со оваа индустрија.

  • Инаку, во оваа индустрија членуваат оние кои изнајмуваат озвучување, осветлување, бинска опрема, видео и аудио продукции, техничка поддршка. Организаторите од евент индустријата постојано ќе протестираат, а следните денови ќе им се придружат и организаторите на свадби и угостителите кои од скоро време се под клуч поради епидемиолошката слика во земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*