Дали сте слушнале за селото Куратица Охридско?

➡️

Куратица се наоѓа во североисточниот дел на Охридското Поле и во источниот дел на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри.

➡️

Од градот Охрид селото е оддалечено 20 километри. Куратица е особено планинско село, сместено во падините на гребенот Вишеслојец (1.383 метри). Во близина е изворот на Куратичка Река, десна притока на Коселска Река. Околни села се: Сирула на запад, Расино на југозапад и Речица на југоисток. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од чешми.

➡️

Денес, селото има изграден селски водовод. Истиот бил изграден во 1962 година. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мазатар, Ванатино, Долги Рид, Влашка Вода, Мечкин Дол, Св. Димитрија, Вранешница, Требишки Рид, Калипадине, Мала Река и други.

➡️

Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како што се: Крушаровци, Трпеновци, Гиновци, Божиновци, Шутевци и други.

➡️

Куратица е оддалечено пет километри северно од регионалниот пат Охрид—Ресен. Сместено е во пазувите на планината Мазатар (Бајрак, 1.635 м.).

➡️

Местоположбата на селото е во тесна карстна долина, околу мала река, која надојдува за време на посилни врнежи, поради што селото трпело штети од поплави. Поради положбата, селото има издолжен облик во насока северозапад-југоисток. Може да се каже дека е поделено на три маала: Горно, Долно и Средно.

➡️

Атарот на селото Куратица се наоѓа помеѓу атарите на селата: Расино на југозапад, Сирула на запад, Лешани на северозапад, Брежани на североисток, Плаќе и Речица на југоисток, и Завој и Опеница на југ.

➡️

До селото води асфалтен пат, кој бил асфалтиран во текот на 1980 година.

➡️

Постои предание дека Куратица е старо село, исто како и Сирула.

➡️

Меѓутоа, за Куратица нема точни податоци, додека Сирула се спомнува како дервенџиско село уште во 1582 година. Според предание, селото било еднаш раселено за време на турската власт.

➡️

Во секојдневниот говор кај месното население и во цело-то охридско подрачје, селото се нарекува со името „Курајца” или „Кураица”, а поретко и „Куратица”. Со името „Курајца” е запишано (како додаток) и на топографската карта со размер 1:25000 изработена во 1973 година — лист Охрид, покрај офи-цијалното име „Куратица”.Засега најстар пишан документ за името на селото претс-тавува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „Куратица”4.”)

➡️

Кон крајот на XVI в. и почетокот на XVII век во кодика-та на Слепченскиот манастир е запишано како „Куратица”5), во 1888 година Верковиќ6), а иодоцна и К^нчов7) селото го запишале како „Куратица”. Во 1892 година во своите белешки од Охрид Браиислав Нушиќ го запишал како „Коратица”8), а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, пикој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото.Во врска со потеклото на името на селото Куратица, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења.

➡️

Некои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика ..Коратица” Според други името на селото доаѓа од турскиот збор „kuri”, што значи „сув, а, о”, па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село” или „Суви дол”.

➡️

Постои и мислење дека селото го добило името по личното име Курат или Курт.Од научниците прв и единствен што досега се зафатил со роучувањето на знаечњето на името на селото Куратица е пол-скиот славист Влоѓимјеж Пјанка, кој го застапува мислењето де-ка името на селото во основа има влашко потекло и доаѓа од манскиот збор „curat” што значи „бистар, брз, чист”. Ова, ред Пјанка, доаѓа оттаму што селото се наоѓа на чист планински поток.

➡️

Можеби е во право Пјанка кога истакнува дека името на селото е од романско потекло заради тоа што одредени топони-ми во подрачјето на селото (Влашки колиби, Влашка чешма, Влашка вода, Влашко бачило, Влашки рид, Катуништа) даваат до знаење дека некогаш тука живееле Власи кои ги паселе ов-ците по планинските предели на Мазатар и Плаќенска планина. Можно е селото да го носи името и од поранешната локација Горно Село во чија непосредна близина имало извори со чиста планинска вода, меѓутоа денес низ селото не минува „чист пла-нински поток”, туку постои само суводолица која повремено на-дојдува.

➡️

Има податоци кои укажуваат на друго значење на името на селото Куратица. Така на пример, во Етимолошкиот речник на Петар Скок10) се наоѓа зборот од латинско потекло „kuratus, kurat” m. (17 в. — западни кралеви), што значи „свештеник, жупник” со објаснување дека оттаму доаѓа и зборот ,,kuratija”1′. (17 и 18 век) што значи„жупа”. Аналогно на тоа зборот „Кура-тица” би значел „жупица” или „мала жупа”. Зборот „жупан” во словенските јазици значи управител на област кај Јужните Словени во минатото. Оттаму и доаѓа името „жупанија” за об-ласта со која раководел Жупанот.

➡️

Ако се има предвид конфигурацијата на теренот каде што е сместено селото Куратица постои можност, овој дел, во периодот на доселувањето на Словените да претставувал посебна област или жупа. Оттаму сметаме дека името на селото Куратица значи „мала жупа” или „жупица”

➡️

Денешното село било обновено од преостанатите жители на старата Куратица. Тогаш, се доселиле седум-осум домаќинства, од кои денес потекнуваат сите родови.

➡️

Во XIX век, Куратица било село во Охридската каза, на Отоманското Царство.

➡️

Јужно од селото, во месноста Вранешница се наоѓаат неколку пештери, наречени Маркови Куќи.

➡️

Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 23,3 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.271 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 681 хектар, а на пасиштата 154 хектари.

➡️

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

➡️

Во непосредна близина на црквата „Св. Никола“ се наоѓа килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работела во состав на 33 „Рашанец” од Охрид. Некогаш во нејзе работеле 30 жени од селото.

➡️

Во поново време, во селото активни се напорите за развивање на туризмот.

➡️

Оттаму, во селото работи ресторанот „Дедо Димо“, се организираат возења со џип по Плакенска Планина и Мазатар, пешачење, планинарење, тури со магариња, а имало идеја и за создавање скијачка патека

➡️

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Истанбул во 1878 година, во која е прикажена статистиката на машкото население од 1873 година, селото е посочено со 25 домаќинства и 78 жители.

➡️

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куратица живееле 395 жители, сите Македонци.

➡️

Куратица било големо село, кое што во 1961 година броело 979 жители, а во 1994 година преминало во средно село по големина, со 417 жители, македонско население.

➡️

Според последниот попис од 2002 година, во селото Куратица живееле 326 жители, сите Македонци.

➡️

Куратица е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се староседелски, кои живееле во Стара Куратица. Во селото има 8 родови.

➡️

Родови во Куратица се: Крушаровци (10 к.), Чолевци (10 к.), Гиновци (10 к.), Трпевци (10 к.) и други. Просечно секој род има по 10 куќи.

➡️

Староседелци: Котовци (12 к.); Петковци (има предание и дека потекнуваат од Мраморец) со Тасевци, Митревци и Јоновци (25 к.); Петревци со Аврамовци, Анѓелевци и Наумовци (18 к.) и Неделковци (6 к.), се од еден предок; Толомановци со Трајчевци, Ристовци и Ѓоревци (24 к.); Колевци (5 к.); Жожоловци или Стојчевци и Јосифовци (14 к.) и Секуловци (6 к.).

➡️

Со непознато потекло: Димовци (6 к.); Лушковци (3 к.), кај нив има некој домазет од селото Велмеј.Доселеници: Андревци (4 к.), доселени се во почетокот на XIX век од селото Слатино во Дебарца; Дервушовци (10 к.), доселени се од селото Речица, таму припаѓале на истоимениот род и Јанкуловци (1 к.), доселени се од селото Слатино во Дебарца, најмлади доселеници.

➡️

Свети Димитриј — понова селска црква во охридското село Куратица.Црквата е сместена пред селото, лево од патот кој води до Куратица.Црквата била започната со градба на 2 јуни 1997 година, кога бил поставен камен-темелникот.Црквата била осветена на 11 октомври 1999 година од страна на митрополитот г. Тимотеј

➡️

Црквата Свети Никола која е изградена во 1937 година е главна селска црква во охридското село Куратица. Црквата е сместена на почетокот на селото, во Долното Маало, каде што во близина се наоѓаат и селските гробишта.

➡️

Свети Симеон Столпник е најнова селска црква во охридското село Куратица која е сместена над самото средсело. Била започната со градба на 28 февруари 2013 година, кога бил поставен камен темелникот. Црквата постоела на самото место и во минатото.

➡️

„Успение на Пресвета Богородица“ е манастирска црква на Куратичкиот манастир која се наоѓа над селото Куратица. Нејзината градба била започната на 28 април 2001 година, кога бил поставен камен темелникот. Црквата била осветена на 31 јули 2010 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.

➡️

Горно Село — средновековна црква и некропола;Кулишта — утврдена населба од доцноантичко време;Манастириште — средновековна црква;Трно Селиште — средновековна населба; иЌуле Градиште — средновековна кула.Куратица има и те како да понуди свои прекрасни убавини…Најпознати од нив е и Курајчки Карневал кој се одржува за празник Василица и богат со многу голема традицијаКуратица со својата местоположба ја посетуваат многу туристи и тие уживаат и во летниот и во зимскиот туризам!!!!!!Благодарност до пријателот Горан Ангелоски кој ми дозволи преку неговите слики кој ги има во голем број да ја претставам и Куратица!!!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*