ДЕЦА ОД ФОЛКЛОРЕН АНСАМБЛ И ХОР ОД ОХРИД СНИМИЈА ПЕСНА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Автор на песната, музиката и текстот се на Узуноска-Тренеска, aранжманот е на Јовица Карали видеото е снимено во ИН продукција .

„Секогаш се трудиме да сме дел од хуманитарни настани, со цел децата покрај игра и песна да ги запознаат правите вредности во животот, почит, сочувство, еднаквост меѓу луѓето. Спонтано, инспирирана од кампањата за ретки болести се роди песничката. Веќе четврта година сме вклучени во кампањата за ретки болести, а оваа година спонтано, со посебна инспирација, се роди песна, која ги израдува дечињата членови на хорчето, оркестарот и пејачката група. Се почувствувавме среќни и горди, што и ние ќе дадеме еден мал придонес за децата со ретки болести“, вели Узуноска-Тренеска.

Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ трета година по ред почна на 1 февруари, а ќе заврши в недела. Преку проектот, јавноста секој ден се запознава со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*