Саракиново е село во Егејскиот дел на Македонија, Мегленско.

Саракиново се наоѓа во источните падини на планината Ниџе над котлината Меглен, на 20 километри северно од Воден.Според свештеникoт Стојан Атанасов Саракински селото го добило името од сарацините. Селото е чифлишко, но уште во средината на 18 век саракинци го откупуваат. Во 1856 година (или 1858) учителот Грапљу од Струмица со одобрение на лидерите на селото браќата Петар и Христо Попови започнува да предава во Саракиново а ученици му се Мицо Димов Трајков, Лазо Ичов, Танас Гинов, Георги Јанов, Ташо Карајов и други. По смртта на Грапљу во 1859 година на негово место ее Пандо исто од Струмица. Негови ученици се Мице Петров Попов, Стојан Пенчев, Никола Јанов, Стоју Ташов, Мице Иванов, Христо Георгиев, Пењу Мицов и други. Во 1863 година учител станува Георги Маленков. Кон 1868 година по грчки клевети Маленков е принуден да го напушти Саракиново и е заменет со отец Иван Јанев. Потоа доаѓа од Велес Андреј Богданов, кој предава 5 години, пред да биде избркан од властите. Браќа Попови и целото село бараат да биде вратен Богданов, но една година селото останува без учител. По враќањето на Богданов тој предава до 1879 година, кога е фатен и затворен во Воден, а покасно во Солун. Братќа Попови успеваат да го ослободат по 6-7 месеца, но му е забрането да предава во Саракиново. Учител одново станува отец Иван Јанов. Попови заедно со Георги Гогов и братќата Иван Занешев и Зане Занешев се на чело на борбата во Воденско. Ноември 1875 година воденскиот владика е изгонет од Саракиново и до 1912 година не стапнува во селото.Во 1880 година учител во Саракиново станува Паско Крстев од Бизово, во 1885 година – Мојсеј Симеонов од Осој, во 1890 година – Иван Панов од Владово, а после Христо Трпчев од Воден, Христо Попиванов од Саракиново, Екатерина Иванова, Марија Иванова, Елена Иванова од Владово, Јордан Парчев од Неготино, Аврам П. Шилегов од Саракиново, Тодор Димитров од Лозенград, Тодора Томова, Фанија Томова од Воден, Спас Саракинов, Благој Атанасов, Христо Петров Кирин од Саракиново, Манол Думчев од Бизово, Елена Х. Григорова, Трпче Х. Шаламанов, Димитар Томчев од Воден.Уште во 1893 година во Саракиново е образуван и комитет на ВМОРО – свештеник Иван Саракински, Георги Тацев, Георги Попов, Петар Кирин, Петре Јанов, курир Петре Ичо Низамов.

Селскиот комитет брои околу 150 души со десетари, селски курири и слично.Пред Балканската војна според поп Стојан Саракинов селото броело 150 куќи, 200 ученици во грамадно триекатно училиште, со седум класни простории и една раскошна забавачница. Седум учителски соби со четири одделенија, I и II класови. За следната година се проектирал и III клас. Сите од селото. Се плаќало по 25 лири турски на учител. За време на војната 5 души од Саракиново се доброволци во Македоно-одринското ополчение.

По војната селото е под Грчка окупација. Повеќето видни македонци се убиени, а останатите интернирани по островите. Голем дел од населението емигрира.Во 1925 година селото е прекрстено во Саракини. Во 1981 година има 356 жители. 1993 година селото е чисто македонско и македонскиот јазик е запазен на високо ниво.ЛичностиРодени во Саракиново: – Ангел Гацо (1771 – 1839) револуционер. – Георги Саракинов (1887 – 1971), револуционер – Георги Тоцев (? – 1943), револуционер – Георги Христов (1891 – ?), македоно-одрински ополченец, 1 рота на 3 солунска дружина. – Димитар Малиданов (р.1946), виден уметник. – Иван Д. Саракинов, македоно-одрински ополченец, – Иван Димов (1882 – ?), македоно-одрински ополченец. – Никола Димитров Попов, македоно-одрински ополченец, 2 рота на 3 солунска дружина, зборна партизанска рота на МОО. – Никола Думурџанов (р.1937), геолог. – Никола Мицев Попов, македоно-одрински ополченец, 2 рота на 3 солунска дружина. – Петар Кирин, деец на ВМОРО, војвода на саракиновската чета во 1905 година – Спас Саракинов, револуционер и просветен деец.Починати во Саракиново Никола Иванов (1887 – 1909),револуционер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*