ПАКЕТЧЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ВО КУРАТИЦА-ОХРИДСКО

Иако овогодинашната ситуација поради пандемијата не дозволи да се одржи традиционална новогодишна приредба на ПУ Куратица-Ванчо Николески , дечињата не беа заборавени  . Денес со донација на претседателот на месната заедница и  од нашата диаспора (Наташа ) во Етно ресторанот беше организиран предновогодишен ручек и се доделија пакетчиња за сите дечиња на с.Куратица. Овој мал гест е уште еден доказ за непрекинливата врска на нашето село со сите иселени курајчани по целиот свет на кои секогаш им сме благодарни што не го забораваат родното огниште Куратица. За многу години СРЕЌНА НОВА И ПОУСПЕШНА НОВА 2021 година, на сите каде и да сте !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*