
Цаки Кисми подготви Предновогодишен подарок за неговите обожаватели. Имено, тој деновиве го промовираше спотот за неговата најнова песна која носи наслов “Дур е жешко, дур е врело”.
Како што истакна Цаки во интервјуто за ИН ТВ, станува збор за доста убава и енергична песна за која што верува дека ќе и се допадне на јавноста.
-Атмосферата е одлична. Благодарност со целата екипа која што работеше и учествуваше во снимањето на спотот. Додека снимавме песната ја пуштавме цело време и како што можете да забележите некако е заразна, односно доста певлива, посебно рефренот, така да, се надевам дека ќе помине добро и дека ќе биде добро хитче.-вели Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.
Музиката за оваа песна е дело на Сашо Младеноски, текстот го напиша Цаки. Спотот го изработија неговите соработници од ИН Продукција.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте со “Дур е жешко, дур е врело” !!!
Leave a Reply