Група Круна имаат хит песна !

Група Круна ја промовираа нивната прва авторска песна која е насловена “Ти си ми се”. Песната е дело на Флори Манев, а очекувањата од истата се големи.

Македонската музичка сцена стана побогата за уште една група. Станува збор за Група Круна која е составена со доста познати и искусни музичари. Тие деновиве во студиото на ИН Продукција премиерно ја претставија нивната прва заедничка авторска песна со наслов “Ти си ми се”.

-Песната се вика “Ти си ми се” и се надевам дека на сите ќе им се допадне. Стилот наликува на познатите хитови од 90-тите, нашата цел е да го вратиме тој стил, па доколку им се допадне на гледачите ние наскоро ќе извадиме уште една ваква песна. “Ти си ми се” ја направи нашиот колега Флори Манев, му Благодариме од се срце, затоа што тој пред се е прекрасен човек, колега и соработник. Текстот и музиката се  на Флори, аранжманот го направив лично јас, а студио, микс и мастеринг кај Горан Мирковски.-истакна Џељо Дестановски во интервјуто за ИН ТВ.

Како што вели Орде Неделковски, вокал на група Група нивните очекувањата се големи надевајќи се дека песната ќе биде одлично прифатена од јавноста.

-Се надевам дека ќе биде хит. Секогаш велат дека се што е ново е убаво и дај Боже и нашава песна да им се допадне на гледачите, па со тек на време да стане и хит и да се прифати убаво како што очекуваме.-додава Орде, за Естрада плус.

Секако дека тие тука не запираат. Периодов подготвуваат нови песни, но и еден голем проект за кој што наскоро ќе откријат повеќе детали преку естрадниот магазин Естрада плус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*