Во Австралија изгледа веќе нема вирус, се собраа рекордни 49.000 гледачи на стадион

Коронавирусот и натаму не ја пушта планетата нормално да живее, но постојат земји каде луѓето лека-полека се враќаат кон нормалниот живот (или бар се обидуваат). Рекордна посетеност во време на пандемија во Австралија.

Во Бризбејн (Австралија) на меч од Националната рагби лига на трибините се собрале околу 50.000 гледачи и речиси никој од нив веќе не размислувал за препораки, мерки, дистанца, маски.

Властите во државата Квинсленд ги тргнале ограничувањата за спортските арени. Претходно смееле да исполнат 75% од вкупниот капацитет, сега нема ограничувања.

„Мислам дека жителите на Квинсленд ќе бидат многу, многу задоволни од таквата одлука. Дајте да го исполниме „Санкорп“ и да ги бодриме нашите играчи“, рекла Анастејша Палашук, прв човек на Квинсленд.

На Арената „Санкорп“ дошле 49.155 луѓе, а стадионот има капацитет од 52.500. Ова е рекордна посетеност за време на пандемијата. Претходно рекордот неколку недели го држеше мечот меѓу репрезентациите на Нов Зеланд и Австралија во Окленд во октомври кога дошле 46.061 гледачи.

Еден од најзаслужните за ова е Питер Вландис, претседател на комисијата на Австралиската лига. Благодарение на неговата соработка со здравствените власти, со владата и лекарите, рагбите во Австралија продолжило да се игра уште на 28 мај (претходно заигра само германската фудбалска Бундеслига).

Поддршката од трибините добро им дојде на домаќините кои славеле со 20:14

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*