Александар Талески промовираше нова песна и спот

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче кое носи наслов “Прости ми Мајко”. За потребите на спотот се искористија неколку локации во атрактивното село Штавица, кое се наоѓа во Прилепскиот крај, а видеото го изработи ИН Продукција.

Станува збор за песна со печалбарска тематика и доста емотивна приказна која ја напиша Нена Дулева, а музиката и аранжманот се на Флори Манев.

Во песната учествува познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, како и музичарите Алекс Петковски на кавал и Горан Мирковски.

-Песната е напишана со многу големи емоции и од моја страна е отпеана со големи емоции затоа што јас се пронајдов во таа песна и еден дел од таа песна е автобиографски дел од мојот живот. Многу луѓе кои што живеат во туѓина, наши иселеници, ќе се пронајдат во оваа песна. Не би раскажувал многу, ќе оставам гледачите сами да погледнат и слушнат за што се работи. Тоа е песна за сите мајки кои што имаат синови кои живеат далеку во туѓина.-истакна Талески во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај оваа песна, Александар за следниот период најавува уште неколку нови песни кои повторно ќе бидат во соработка со Флори Манев.

https://www.youtube.com/watch?v=6NQwqrrQ5Xk&feature=emb_logoВо продолжение погледнете го спотот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*