Македонијо среќен празник : Сузана Гавазова денес ги засени политичарите

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, една од најпознатите фолк пејачки во Македонија Сузана Гавазова, направи специјална фотосесија, а празникот покрај со фотографии го честита и преку видео.

За потребите на оваа фотосесија Гавазова облече црвен, долг и раскошен фустан кој го изработи познатиот моден дизајнер Златко Јовановски.

Со оглед на тоа што станува збор за Ден на Независноста на нашата земја, таа овојпат одбра одлична локација, а тоа е тврдината Цареви Кули која се наоѓа над нејзината родна Струмица.

Видео: ИН продукција

Моден дизајнер : Златко Јовановски
Фризер: Александар Тошев
Шминка: Ана Ивановска

Да живее Македонија! Среќен празник Македонијо!

Благодарност до сите што работеа на овој мал проект, но посебен, работен со многу љубов за нашата мила земја Македонија.-напиша Гавазова на нејзиниот фејсбук профил.


Погледнете дел од нејзината фотосесија, но и видео честитка упатена до сите граѓани на Република Македонија !

https://www.facebook.com/suzana.gavazova.5/videos/3517651421600135/?tn=%2CdC-R-R&eid=ARAn6o1a6_zFU6gGJJNMiaclLhKPtmNAeEFSDcKDJWRHem6uz9sU3PhhxRznHVmPvlhRcUQ64caee6Ic&hc_ref=ARTd28djPKtT8oqnimWbJstwSEijs-BcZguT7LBLXEID7uk5yN4zFYKnzedmf5wh_NY&fref=nf

https://www.facebook.com/suzana.gavazova.5/videos/3517651421600135/?t=1

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*