АВСТРАЛАНЦИТЕ УШТЕ ТРИ МЕСЕЦИ НЕ СМЕАТ ДА ПАТУВААТ

Австралија објави дека ќе ја продолжи забраната за патување за уште најмалку три месеци за да ја заштити земјата од ширење на коронавирусот..

Ограничувањата за посетителите од целиот свет беа воведени во март, а на Австралијците исто така им е забрането да ја напуштаат земјата, освен ако не им биде изречено изземање.

По совет на австралискиот здравствен орган AHPPC, министерот за здравство Грег Хант рече доцна синоќа дека забраната ќе биде продолжена барем до 17 декември.

„AHPPC наведува дека ситуацијата со ковид-19 продолжува да претставува неприфатлив ризик за јавното здравје“, рече Хант. „Продолжувањето на периодот за итни случаи е соодветен одговор на тој ризик“.

Пратениците од опозицијата остро ја критикуваа одлуката, велејќи дека владата го игнорира прашањето за 23.000 Австралијци кои останаа во странство. Портпаролката на лабуристите, Кристина Кенели денеска го обвини премиерот дека „оставил луѓе“.

Владата во јули постави ограничување на 4.000 неделни посети на земјата, а државите започнаа да им наплатуваат на луѓето за задолжителен двонеделен карантин во хотел.

Според последните податоци, во Австралија починале 737 лица како резултат на ковид-19. Последниот број на случаи пријавени од Министерството за здравство е 26.049 заразени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*