Индонезија: Една минута во мртовечки ковчег за неносење маска

Индонезијците кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирус во Џакарта, главниот град на државата, можат да изберат да платат – 17 долари казна или да лежат во мртовечки ковчег една минута.

Властите ја воведоа оваа необична мерка за да ги натераат оние што не носат маска да размислуваат за опасните последици од нивното однесување, откако последниве денови дневниот број на новоинфицирани лица надмина илјада.

„Размислете за она што се случува ако добиете Ковид-19“, порачува во видео спотот службеното лице на еден престапник кој лежи во отворен ковчег. Покрај тоа, градските власти поставија лажни ковчези и покрај нив плочи со бројот на заразени, со цел да ги потсетат луѓето за последиците од непочитувањето на одлуката за носење маски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*