(ВИДЕО) Кога се појави Сани,публиката ја крена на нозе

Одличен настап на Изборот на Летен Фолк Хит имаше атрактивната пејачка Сани која настапи со песната “Прељуба”. За нивниот настап веруваме дека уште долго ќе се зборува, а доколку се прашувате зошто, погледнете го видеото !!!

Дефинитивно еден од највпечатливите настапи на Изборот на Летен Фолк Хит беше настапот на Сања Сани Гроздановска. Таа ја изведе песната “Прељуба”, а беше придружувана од две атрактивни девојки кои со својот перформанс буквално ја запалија сцената на фестивалот во Општина Новаци.

Присутната публика уживаше во нивниот настап и ги поздрави со громогласен аплауз.

Сани важи за една од најдобрите и најсексапилните пејачки на македонската сцена. За време на карантинскиот период, таа приреди вистински спектакл на концертот во живо кој се одржа во студиото на ИН Продукција. Тоа беше одлична вечер исполнета со бројни изненадувања, убави песни, врвни музичари и атрактивни танчерки.

Во продолжние погледнете го нејзиниот настап на Изборот на Летен Фолк Хит !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*