Нова хит песна на Благоја Грујовски

“Солза Таткова” е најновата песна на познатиот фолк пејач Благоја Грујовски. Како што истакна Благоја во интервјуто за ИН ТВ, песната е наменска и е отпеана по желба на близок пријател од Италија кој сакал да посвети песна на неговата ќерка.

“Мене ми беше важно да ја презентирам песната пред јавноста, пред публиката. Станува збор за една доста емотивна песна која ја напиша Јане Рафајловски по желба на еден наш добар пријател кој е во Италија и кој сакаше една песна за неговата ќерка. Така дојде идејата од него и мислам дека Јане сосема добро ја погоди како тема, а се надевам дека и јас успеав да го доловам тоа чувство кај многумина, иако јас за жал немам ќерка.”-вели Грујовски за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој вели дека радува фактот што за краток период доста луѓе се пронашле во неговата песна и дека секојдневно му пристигнуваат позитивни коментари и пофални зборови за “Солза Таткова”.

“Јас сум премногу задоволен, не очекував таква реакција. Едноставно видов дека многу луѓе се пронајдоа во таа песна, многу луѓе и многу ќерки кои се далеку се пронајдоа во песната. Ние сме печалбарски народ, секој е некаде заминат и секој има некого во странство. Јас сум пријатно изненаден, на јутјуб нема ни еден “dislike” и едноставно самите реакции на луѓето што мене ми се обраќаат лично еве и вечерва овде неколку луѓе ми се обратија после песната, така што тоа ми е некаков показател дека уште повеќе ќе се популаризира оваа песна.”-додава тој.

Освен во студиото на ИН Продукција каде што Благоја премиерно ја претстави новата песна,“Солза Таткова” беше изведена и на годинешното издание на Изборот на Летен Фолк Хит кој што се одржа во Општина Новаци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*