Кој беа наградените песни на овогодинашното издание на “Избор на Летен фолк хит”

Во прекрасна атмосфера во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Општина Новаци, со почитување на протоколот за работа и мерките за заштита од коронавирусот се одржа годинешното издание на “Избор на Летен Фолк Хит 2020”.

На фестивалот годинава настапија 28 еминентни пејачи и музички групи, а истиот беше одлична можност музичарите да се видат, да се дружат и да си поминат убаво пеејќи ги убавите македонски фолк хитови.
Секако, за најдобрите песни следуваа и парични награди, а Летниот Фолк Хит го бираше присутната публика.

Трето место освои Благојче Стојановски Туше со песната “Милион Бакнежи”, второто место и припадна на Татијана Стефановска со песната На свадба ми дојдоа, а публиката овојпат одлучи победата да му ја даде на Ташко Каранфиловски и неговата најнова песна “Сине мој”.

Во Ревијалниот дел свој концерт одржа Анета Мицевска која беше придружувана од Молика “One”.

Фестивалот “Избор на Летен Фолк Хит 2020” беше во организација на Пикси Студио, Општина Новаци и Сателитската ИН Телевизија која што настанот го пренесуваше во живо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*