Влатко Алексовски со нова песна и спот

Фолк пејачот Влатко Алексовски пред само неколку денови ја објави неговата најнова песна овојпат во забавен стил со наслов “Добро утро љубов моја”. Тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ вели дека е презадоволен од проектот и се надева дека со новата песна ќе привлече и нова публика.

“За првпат се пуштив во забавните води. Со овој проект “Добро утро љубов моја” добивме еден одличен спој на аудио и видео. Добивме нова публика бидејќи јас сум фолк пејач, првпат снимам забавно и ќе добијам нови обожаватели, а публиката добива една прекрасна песна која што како љубовна песна секој ќе може наутро првото утринско кафе да го испие со убава песна и да ја поздрави својата сакана, својата љубов и да и посака убав и среќен ден.”-вели Алексовски за гледачите на ИН ТВ.

Влатко во интервјуто открива дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една песна заедно со Ферус Мустафов и Скопски Боеми, а за истата ќе следува и видео кое ќе го работат со ИН Продукција.
Алексовски го најавува и неговиот настап на овогодинешното издание на Тумба Фест кој што се одржува во Куманово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*