Оваа година збогатена програма на”Избор на летен фолк хит”

ИН ТВ, Студио-Пикси и Општина Новаци ја продолжуваат традицијата. Со придржување на сите мерки за заштита од коронавирусот на 26-ти август ќе се одржи “Избор на Летен Фолк Хит 2020” во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, Општина Новаци. На Фестивалот ќе настапат над 20 познати фолк пејачи и групи од македонската естрада.

На 26-ти август во среда со почеток од 20 часот во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Општина Новаци ќе се одржи “Избор на Летен Фолк Хит 2020”. И овојпат организаторите подготвија богата музичка програма и голем број изненадувања за присутните гости.

На Изборот за Летен Фолк Хит ќе настапат бројни познати музички имиња од македонската естрада и тоа: Благица Павловска, Татијана Стефановска, Сани Гроздановска, Стојне Николова,Елена Јовческа Слаѓана Столеска, Оркестар Маестрал, Група Милениум, Чебрен, Алтенатор, Оскар, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Благојче Стојановски Туше, Борче Наумовски, Дарко Билбиловски, Влатко Алексовски, Живе Мешуревски, Мартин Ангелевски, Акси и Профа Бенд, Силвана Крстовска, Сандра Милковска, Дани и Тик Так, Цаки Кисми, Ташко Каранфиловски, Даниел Сидовски, Златко Петрески, Оливер Лозаноски, Игор Андреевски.

Во ревијалниот дел на големо задоволство на публиката, концерт ќе одржат Анета Мицевска и Молика ONE.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*